недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Фудбал

Клоп: Би бил задоволен и со 38 победи во годината со 1:0

Клоп: Би бил задоволен и со 38 победи во годината со 1:0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволство од претставувањето на неговиот тим до моментов, но истакна дека тоа не значи ништо повеќе од еден добар почеток, бидејќи е измината само една четвртина од сезоната. Германецот додаде дека Ливерпул треба да ги покажат целосните можности за да успеат да го поразат тимот на Арсенал во утрешното дерби на „Емирати“.

– Досега се оди добро. Сепак се уште е почетокот. Со исклучок на натпреварите со Наполи и Манчестер Сити ние создаваме многу можности за гол. Дури и да не постигнуваме секој пат јас не сум загрижен, барем додека продолжуваме да создаваме шанси. Се разбира, во фудбалот секогаш може да има падови на формата, но додека создаваме можности, секогаш ќе имаме шанса да постигнеме гол. Но, јас би бил задоволен и со 38 победи во годината со 1:0, изјави Клоп на редовниот прес пред дуелите од англиската елита.

Германецот потоа го проанализира својот противник, за кого имаше доста позитивни зборови.

– Арсенал постигна многу голови и одлично се однесува во офанзива. Треба да се осигураме да не ни постигнат гол, но тоа ќе биде голем предизвик. Потребни ни се нашите целосни можности за натпревари како овој. Ќе биде навистина интересно. Унаи Емери имаше многу тешка задача да дојде во клубот по Арсен Венгер, кој работел таму 50 години. Тој, сепак, се справи брилијантно по тешкиот старт, рече Клоп на денешната прес-конференција.

Менаџерот на Ливерпул додаде дека Џордан Хендерсон и Наби Кеита отпаѓаат и за дуелот на „Емирати“, а најверојатно и за гостувањето кај Црвена Ѕвезда во Шампионската лига.

Коронавирус