четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 144
home Фудбал

Клоп: Барнли за нас беше полуфинале, Кристал Палас е финале за пласман во ЛШ

Клоп: Барнли за нас беше полуфинале, Кристал Палас е финале за пласман во ЛШ

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше победата над Барнли со 3:0 во 37. коло од Премиер лигата и се искачи на 4. место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите.

– Тоа беше за нас полуфинале и го добивме. Моравме да го сториме тоа. Ништо сè уште не е решено, но ја подобривме нашата позиција во борбата за Лигата на шампионите. Ние го заслужуваме тоа затоа што игравме добро против Барнли. Финалето е пред нас. Треба да се освежиме што е можно побрзо и да се подготвите за последниот натпревар. Навистина со нетрпение го очекувам, бидејќи на „Енфилд“ ќе има 10 илјади навивачи. Сè уште ништо не е решено – Кристал Палас е многу силен, изјави Клоп.

Во последното 38. коло од англискиот шампионат, Ливерпул ќе игра на домашен терен против Кристал Палас. Средбата ќе се одржи в недела на 23 мај.

Коронавирус