недела, 19. септември 2021. Вести денес: 9
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Фудбал

Кјелини: Шпанските клубови секогаш се фаворити

Кјелини: Шпанските клубови секогаш се фаворити

Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Џорџо Кјелини пред натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите фаворитската улога ја препушти на Реал Мадрид.

– Шпанските екипи се секогаш фаворити. Сити и Баерн се добри, но Реал Мадрид и Барселона  имаат нешто повеќе. Нашиот ривал ги има во составот Роналдо и Рамос, врвни светски играчи во нападот и одбраната. Роналдо секогаш се стреми да биде идеален, Рамос е беспрекорен во дефанзивата. Ќе ни биде многу тешко, ама нема предавање. И ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се спротивставиме на силни екипи, изјави Кјелини.

Натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид ќе се одигра вечер од 20:45 часот во Торино.

Коронавирус