сабота, 10. јуни 2023. Вести денес: 12
home Фудбал

Ќе ве полазат морници- по судирот со глави, едниот од фудбалерите остана да лежи на теренот, а потоа следуваше ужас (ВИДЕО)

Ќе ве полазат морници- по судирот со глави, едниот од фудбалерите остана да лежи на теренот, а потоа следуваше ужас (ВИДЕО)

На натпреварот од Правата романска лига меѓу Сепси и Поли од Темишвар се случи хорор сцена. По судирот со глава на двајца фудбалери настана вистинска паника.

Во 36. минута на средината на теренот во скок дуел со глави се судрија Нигериецот од Сепси Бенџамин Куку и Денис Харут од Поли и двајцата останаа подолго да лежат.

Фудбалерите забележаа дека младиот играч на Поли, 19-годишниот Денис останал на тревата во несвест, а судијата и останатите фудбалери панично побараа помош и се фаќаа за глави.

На несреќното момче веднаш на помош му притрчаа лекарите, а набрзо на терен стигнаа и две возила на итната помош. Харут е брзо превезен во болница, каде и сега оздравува.

Бенџамин Куку не бил толку тешко повреден, па го продолжил мечот.