петок, 24. септември 2021. Вести денес: 39
home Фудбал

Ќе пукне ли бомбата конечно: Пол Погба се договорил да замине од Манчестер?

Ќе пукне ли бомбата конечно: Пол Погба се договорил да замине од Манчестер?

Откако Пол Погба пристигна во Манчестер Јунајтед, летото 2016 година, медиумите не престанаа да пласираат информации околу иднината на францускиот фудбалер.

Многупати Погба го преселуваа во Реал, Барселона, Јувентус, па и ПСЖ, а сега тие шпекулации одат чекор понапред, сега наводно Погба веќе ги договорил личните услови за трансфер во Париз.

Нема се уште ништо конкретно околу тоа, а во прилог на нејасната ситуација оди и молкот на Пол Погба, кој по ЕП е доста тивок и не дава многу изјави.

Но постои и еден услов за ПСЖ да го откупи Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Тие прво мора да ослободат простор и да продадат неколку играчи, со цел да не заглават во финансискиот фер плеј.

Лекип тврди дека трансферот на Погба може за ПСЖ да излезе доста евтин и дека во игра се 50 до 60 милиони евра.

Коронавирус