сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 88
Во живо

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

home Фудбал

Ќе има ли шпалир од Јувентус за Интер?

Ќе има ли шпалир од Јувентус за Интер?

Интер ја прекина доминацијата на Јувентус во италијанското првенство и стигна до првата шампионска титула во Серија А по пауза од 11 години.

До трофејот стигна на четири кола пред крајот на првенството, а викендов гостува токму кај Јувентус во дербито на претпоследното коло. Како нов шампион, Интер треба да биде поздравен од домашните фудбалери, но ни Пирло уште не знае дали ќе има официјална честитка.

„Не знам дали ќе има шпалир за Интер. Ние веќе му честитавме на освоената титула, па ќе видиме што ќе одлучи клубот’, изјави Пирло на денешната прес-конференција.

Натпреварот во Торино има големо резултатско значење за Јувентус бидејќи со евентуален пораз, „бјанконерите“ можат да останат без пласман во Лигата на шампионите.

ЕУРО 2020

Македонија