понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 68
home Фудбал

Кингсли Коман во Баерн Минхен до 2027 година

Кингсли Коман во Баерн Минхен до 2027 година

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го реши прашањето во однос на иднината на 25 годишниот Кингсли Коман, со тоа што фудбалерот стави потпис на договор со „Баварците“ со важност до 2027 година.

Претходниот договор на Коман истеуваше идната година, а крилниот напаѓач е дел од составот на „Баварците“ од 2015 година, па така не ги криеше импресиите по денешниот потпис.

Премногу сум среќен бидејќи Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот, знам дека се уште имаме големи амбиции и во иднина, тука се чувствувам како во својот дом, тимот наликува на едно среќно семејство, среќен сум што моите најубави фудбалски години ги минувам во овој клуб“ рече Коман.

Коронавирус