четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 203
home Фудбал

Киеза: Ја одбрав втората опција

Киеза: Ја одбрав втората опција

Федерико Киеза беше „џокерот“ на селекторот Манчини и постигна одлучувачки гол со кој ја „отвори“ Австрија во 95-та минута.

25 години по погодокот на легендарниот Енрико Киеза, Федерико постигна погодок и се погрижи за првпат да видиме како татко и син постигнуваат голови на еден континентален собир на стариот континент.

Заслуживме да постигнеме гол и да се пласираме во четвртфиналето. Селекторот бара од сите играчи да бидеме подготвени, тој постојано ни вели дека има 26 стартери и дека сите се тука за да му помогнат на тимот. Останав мирен, во вакви ситуации, играчите обично сакаат веднаш да бијат на гол и да шутнат на прва. Наместо тоа, ја избрав втората опција, решив да останам мирен, да ја примам топката и да си земам време пред да шутнам на гол. Австрија беше навистина добра, има одлични играчи и се изборија за поседот, но на крајот, мислам дека заслужено сме во следната фаза,– изјави Киеза.

Коронавирус