Кевин Де Брујне се согласи да започнат преговори за неговиот трансфер од Манчестер Сити во Наполи.
Белгиецот после разговори со Мертенс и Лукаку одлучи да се придружи на клубот од Неапол и сака што побрзо да биде завршен договорот за да може мирно да замине на одмор.
Моменталната разлика меѓу понудата и побарувачката е што тимот на Де Брујне сака тригодишен договор, додека Наполи нуди две години плус опција за трета, а би заработувал седум милиони евра по сезона.