понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 17
home Фудбал

Керол казнет по барање на Дејвид Мојс

Керол казнет по барање на Дејвид Мојс

Напаѓачот на Вест Хем Ендрју Керол бил казнет по изрично инсистирање на менаџерот на тимот Дејвид Мојс, откако англискиот репрезентативец си дозволи доброволно да ја напушти клупата на тимот за време на поразот со 1:4 од Манчестер Сити во текот на минатиот викенд.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул остана неискористена резерва и откако виде дека нема да влезе во игра, одлучи да се повлече во соблекувалната порано.

– Енди веќе ми се извини, како и на своите соиграчи, но неговото однесување е неприфатливо. Тој беше казнет и рече дека ја разбира грешката, напиша Мојс за „Ивнинг Стандард“.

Вест Хем се наоѓа на 15-тото место на табелата со 35 поени, а утре „чеканите“ гостуваат на деветтиот Лестер.

МИА

Коронавирус