среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Кепа сака да се врати во Шпанија, бира меѓу Атлетико и Севиља

Кепа сака да се врати во Шпанија, бира меѓу Атлетико и Севиља

Кепа Арисабалага, голманот на Челси, очигледно ќе се врати во Шпанија летово по двегодишен престој во Англија.

Членот на шпанската репрезентација, кој заработува околу 165.000 евра неделно, е остро критикуван оваа сезона поради некои лоши изданија.

Атлетик Билбао беше неговиот претходен клуб, но од 2018 година, кога пристигна во Лондон, тој очигледно не ги исполнува очекувањата ниту на стручниот штаб на „сините“, ниту на навивачите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Во моментот на трансферот тој беше најскапиот платен голман, а Челси издвои дури 80 милиони евра за неговото пристигнување.

Сепак, според островските медиуми, тој сега е подготвен да прифати помала плата само за да се врати во Шпанија, а се чини дека тој веќе има опции.

Едната е Атлетико Мадрид, особено ако Јан Облак отпатува на Островот и дојде во Челси, а другата е да потпише за Севиља, која исто така покажува интерес.

Претходно во сезоната, менаџерот Франк Лампард, незадоволен од неговите изданија, го пресели Кепа на клупата четири натпревари во низа, а тој беше резерва и во поразот од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите (3:0).

Коронавирус