вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Кејн за една недела во Сити ќе заработува колку годишен буџет на македонски прволигаш

Кејн за една недела во Сити ќе заработува колку годишен буџет на македонски прволигаш

Англискиот првак Манчестер Сити многу веројатно ќе победи во трката за Хари Кејн и за сума од 187 милиони евра ќе го доведе на „Итихад“ до крајот на летниот преоден рок. Тој треба да потпише петгодишен договор со „граѓаните“, а неделно ќе заработува 470.000 евра. Тоа е годишниот буџет на поголем дел од македонските прволигашки клубови.

Колку што македонските клубови трошат за цела сезона во македонската Прва лига, толку на сметката на Хари Кејн ќе легнат само за првата недела од неговиот иден договор со Манчестер Сити.

Најголемиот дел од фудблските клубови во Македонија имаат годишен буџет од околу 500.000 евра, некои за жал и под оваа сума, а погоре од просекот се Шкендија, Шкупи, Работнички и веројатно новиот прволигаш Брегалница.

Коронавирус