вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Кејн сака да го прекине постот на Англија без трофеј

Кејн сака да го прекине постот на Англија без трофеј

Капитенот на Англската фудбалска репрезентација Хари Кејн се надева дека ќе освои трофејот со „Гордиот Албион“. Британците вчера ја совладаа Бугарија со 4:0 во квалификациите за ЕУРО 2020, Кејн на овој дуел постигна три гола.

-На крајот на вашата кариера, ви се суди по трофеите. Секако, убаво е да се постигнат голови и да се освојат индивидуални награди. Но, поважно е да се освојат тимски титули, а Англија го нема сторено тоа подолго време. Ова е мојата цел како капитен. Знам дека момците сакаат да победат, да освојат турнири, но ние зборуваме за тоа 10, 15, 20 години и така натаму, и тоа не се случува, изјави Кејн.

Во А-групата од квалификациите Англија е лидер на табелата со максимални девет бода.

Коронавирус