четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 116
home Фудбал

Кејн останува на чело кај стрелците, Черишев се израмни со Роналдо

Кејн останува на чело кај стрелците, Черишев се израмни со Роналдо

Ѕвездата на Англија, Хари Кејн и понатаму е лидер на листата на стрелците на СП 2018.

Иако не се запиша при победата над Шведска со 2:0, капитенот на „трите лава“ е фаворит за освојување на наградата со своите шест погодоци досега.

Со неговиот гол против Хрватска, Денис Черишев пак се изедначи со Ромелу Лукаку и Кристијано Роналдо на второто место. Тројцата имаат четири гола, но само Лукаку може да ја зголеми својата сметка, бидејќи Белгија е во полуфиналето.

Од фудбалерите кои имаат по три гола, учеството на првенството го продолжуваат Французите Антоан Гризман и Килијан Мбапе.

МИА

Коронавирус