четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 14
home Фудбал

Кејн не се појави на тренинг на Тотенхем, сака да биде продаден

Кејн не се појави на тренинг на Тотенхем, сака да биде продаден

Информациите од Англија велат дека англискиот фудбалер Хари Ккејн не се појавил на тренинг на лондонски Тотенхем. Тој донел одлука да бојкотира за клубот да почне да размислува за негова продажба.

Кејн доби продолжен одмор по настапот на Европското првенство, но веќе требаше да се појав на тренинзите на тимот, сепак тоа не се случи.

Кејн имал џентлменски договор со тимот од северен Лондон за ова лето да биде продаден, но последниот став на Леви е дека напаѓачот не е на продажба.

Манчестер Сити е клубот кој се поврзува со Кејн, но не се исклучува можноста и Челси да се вклучи во трката бидејќи Тухел е во потрага по елитен напаѓач.

Коронавирус