сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Кејн го повтори рекордот на Овен во Премиер Лигата

Кејн го повтори рекордот на Овен во Премиер Лигата

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна најмалку два гола на  четврти натпревар по ред против ист клуб во англиската Премиер лига.

Тој вечерва во победата над Евертон (6:2) погоди во 42-та и 74-та минута, што е четврти меч по ред против тимот од Ливерпул два пати да ја тресе мрежата.

Досега само уште еден играч успеа да постигне најмалку два гола во англискиот шампионат на четири натпревари по ред со ист противник. Тоа е поранешниот напаѓач на Ливерпул, Мајкл Овен, кој постигна два гола во дуелите со Њукасл во периодот август 1998 – мај 2001 година.

МИА