недела, 23. септември 2018. Вести денес: 62
home Фудбал

Кејн: Дојде време и Тотенхем да освои трофеи

Кејн: Дојде време и Тотенхем да освои трофеи

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн, е убеден дека неговиот тим има квалитет да освои трофеј.

– По долги години, Тотенхем има состав кој е подготвен да освои трофеј. Изминатите сезони бевме во сенка на Челзи, Јунајтед, Сити. Сега на нас е да докажеме дека сме способни да се вклучиме во трката. Мотивот кај нас играчите е на највисоко ниво. Треба да ја крунисаме работата што ја започнавме пред 4-5 години, изјави Кејн.

Тој беше стрелец на еден гол во синоќешниот голем триумф на гостувањето кај Манчестер Јунајтед со 3:0.

Тотенхем по три рунди има максимални девет бода и е на делба на првото место заедно со Ливерпул, Челзи и Вотфорд.