четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 143
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Фудбал

Кедера не ја исклучува можноста да се врати во Бундеслигата

Кедера не ја исклучува можноста да се врати во Бундеслигата

Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедера изјави дека има сосема реална можност да се врати во Бундеслигата во иднина.

Триесет годишниот фудбалер играше далеку од неговата родна Германија откако тој замина од Штутгарт во 2010 година. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид, каде што играше до летото 2015 година, а потоа потпишал со Јувентус.

– Не можете да отфрлите ништо во фудбалот, рече тој во интервју за германските медиуми.

Кедера истакна дека „Бундеслигата е одлично првенство, иако некои од клубовите таму во моментов имаат проблеми“.

– Ова е привлечно првенство. Собрав доста позитивно искуство во странство, ми се допаѓаат новите предизвици, работи кои не сум ги доживеал досега. Сакам да истражувам нови земји, нови градови, вели Германецот.

Тој нагласи дека се уште не се чувствува стар, но не би го отфрлил враќање во Бундеслигата.

– Серија А? Во моментов таму е главен судирот меѓу Наполи и Јувентус. Долго време, калчото не било толку неизвесно. Наполи во моментов е во водство, но имаме одличен тим: немаме само 11 добри играчи, туку имаме 20. Сакаме повторно да ја освоиме титулата – за нас и во име на нашите обожаватели, рече Кедира.

Коронавирус