вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 32
home Фудбал

Кавани уште една година ќе стрела за Манчестер Јунајтед!

Кавани уште една година ќе стрела за Манчестер Јунајтед!

Со одличната форма и редовното постигнување голови, Едисон Кавани буквално ги примора челниците на Манчестер Јунајтед да сторат сѐ за да го задржат уште една сезона на „Олд Трафорд“, што и ќе се случи откако двете страни си подале рака за нов договор.

Уругваецот имаше двегодишна понуда од Бока Јуниорс, но реши уште една година да игра во Европа, по што би се преселил во аргентинскиот гигант, ако уште го сакаат. Кавани со новиот договор ќе заработува 250.000 фунти неделно, што е зголемување од 50.000 фунти во однос на тоа што досега го добиваше од „ѓаволите“.

Според англиските медиуми, наскоро се очекува и официјална потврда од Манчестер Јунајтед.

ЕУРО 2020

Македонија