Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани на крајот на сезонава ќе го напушти ПСЖ, зашто не е среќен во Париз откако го загуби местото во стартниот состав по пристигнувањето на Мауро Икарди.
Кавани со ПСЖ има договор до крајот на сезоната и уште сега е јасно дека ќе замине како слободен фудбалер, а веќе почна да се поврзува и со неколку европски гиганти, меѓу кои Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 20 милиони евра до ПСЖ за да го купат Кавани уште месецов, но Уругваецот и покрај богатата понуда од „Олд Трафорд“ решил да остане во Париз.
Јунајтед, наводно, му понудил 10 милиони евра годишно на 32-годишниот напаѓач плус неколку милиони за бонуси, но Кавани не сакал да се пресели во Манчестер.