среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 150
home Фудбал

Кавани излезе со објаснување за својата контроверзна порака поради која сега го чека казна од ФА

Кавани излезе со објаснување за својата контроверзна порака поради која сега го чека казна од ФА

Единсон Кавани повеќе од сигурно ќе заработи казна од ФА за својот контроверзен пост по крајот на мечот со Саутемптон, но во овој момент се поставува само едно прашање, односно колку жестоко или благо настроени ќе бидат одговорните луѓе во дисциплинската комисија.

Имено, Кавани ги прекрши протоколите за расистичко обраќање на социјалните мрежи и претпоставка е дека ќе добие казна од три натпревари, нешто што ќе дојде во најлош период за него со оглед на тоа што одигра брилијантно против Саутемптон на „Ст. Мери“.

Gracias negrito (Ти Благодарам црнче) беа зборовите кои ги употреби популарниот „Ел Матадор“ на Инстаграм, а иако експресно ја избриша оваа објава, откако стана свесен дека е покрената истрага, сега се извини за својата постапка и објасни дека станува збор за порака до негов близок пријател.

– Пораката која ја објавив веднаш по крајот на неделниот меч, беше искрен поздрав до еден пријател, му заблагодарив за честитката по натпреварот.

– Последно што сакав да направам е да навредам некого. Комплетно се противам на расизмот и веднаш ја повлеков пораката кога ми објаснија дека може да биде погрешно интерпретирана. Сакам да испратам искрено извинување за ова, – порача Кавани.

Коронавирус