петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 136
home Фудбал

„Катарците се во игра за преземање на Вардар“

„Катарците се во игра за преземање на Вардар“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов потврдува дека катарската компанија е во комбинација за преземање на најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар, но како начин за нов сопственик неопходна е гаранција за потвр

Шилегов повторно, како и во неколку наврати претходно, нагласува дека Вардар е приватен клуб а Градот не може да го преземе со долг од 3,5 милиони евра.

„Вардар си е приватен клуб. И некој кога одлучил да го продаде пред седум години требало да најде механизам како да се покријат долговите во еден ваков случај. Град Скопје во една ваква ситуација не може да преземе приватен клуб со долг од 3,5 милиони евра“ – вели Шилегов во изјава за телевизија „Сител“

Но, како што и претходно најави ЕКИПА, не е тајна дека во тек се интензивни разговори меѓу државните институции и Град Скопје за изнаоѓање решение за ФК Вардар. Добро е познато дека катарска компанија е заинтересирана за преземање на клубот.

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Но, за да се заокружи и тој процес треба да добиеме гаранција за враќање на средствата од актуелното раководство“ – вели Шилегов.

Како што е познато, Сергеј Самсоненко пред еден месец преку своите адвокатски застапници го информираше Советот на Град Скопје дека го враќа ФК Вардар на градот со најава дека долговите ќе ги подмори до крајот на годината.

Наредниве денови се очекува официјална средба на се уште актуелното раководство и претставниците на државните институции, како конечно би се изнашло решение за најтрофејниот македонски клуб.

ЕУРО 2020

Македонија