вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 158
home Фудбал

Катар ќе биде домаќин на турнир кој ќе претставува тест за Мундијалот 2022

Катар ќе биде домаќин на турнир кој ќе претставува тест за Мундијалот 2022

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го одобри одржувањето на пан-арапскиот турнир во фудбал во Катар во 2021 година, соопшти прес-службата на Азиската фудбалска федерација.

Натпреварите се закажани за 1-18 декември.

Овој турнир ќе биде тест за подготвеноста на земјата за Светското првенство во 2022 година.

Претходно, Купот на конфедерациите, кој традиционално беше тест турнир, е откажана од страна на ФИФА.

Фудбалскиот Мундијал во 2022 година нема да се одржи во текот на летото за прв пат. Натпреварите ќе се играат од 21 ноември до 18 декември. (МИА)

Коронавирус