понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Каталонските насловни страници: Вака поминува Реал, класика… (ФОТО)

Каталонските насловни страници: Вака поминува Реал, класика… (ФОТО)

Реал втора година по ред го елиминира Баерн со контроверзни судиски одлуки. Минатата сезона Виктор Касаи му помогна на Реал да продолжи понатаму, а овој пат и играчите на Реал признаат дека било пенал, кој Чакир не го виде.

Шпанските медиуми не го видоа еднакво минувањето на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.

Додека мадриска Марка и АС го слават третото финале од Лигата на шампионите по ред и вкупно 16-то во ова натпреварување, каталонските медиуми овој успех го одбележаа со цинични насловни страни, алудирајќи на помошта која Реал ја имаше од судијата против Баерн втора година по ред.

Баерн одигра 2:2 и испадна после поразот од 2:1 во првиот меч. Но, турскиот судија Чунејт Чакир пропушти да досуди чист пенал откако топката го погоди Марсело во рака, што и самиот лев бек призна после натпреварот.

Мината година мадриѓаните исто така го добија првиот меч.

Баварците славеа во Мадрид со 2:1, но играа со десет играчи откако Артуро Видал престрого доби втор жолт картон. Во исто време, Касемиро можеше да добие втор жолт картон само доколку со летва удреше некој свој соиграч. Покрај тоа, Реал во продолжението постигна гол од офсајд. Тогаш судеше виктор Касаи.

„Мундо Депортиво“ поминувањето на Реал во следната фаза го проследи со насловна страна „Un clasico“,  во превод –класика. На фотографијата е Марсело, кој после натпреварот призна дека било пенал.

Каталонски „Спорт“ ги искомбинира зборовите на песната на навивачите на Реал „Asi, asi, asi gana el Madrid“ (вака победува Мадрид), но во нивниот контекст тоа значи: „Вака поминува Мадрид“, алудирајќи на судиската помош и среќата која ја имаше Реал со големата грешка на голманот Улрих.

Локални избори 2021