петок, 7. мај 2021. Вести денес: 85
home Фудбал

Каталонците ја разрешија мистеријата: Сопругата на Оливер е вљубена во Мадрид и во Реал (ФОТО)

Каталонците ја разрешија мистеријата: Сопругата на Оливер е вљубена во Мадрид и во Реал (ФОТО)

Реакциите по вчерашниот реванш натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус уште долго време ќе биде тема на разговор меѓу фудбалските навивачи.

Како што е познато, судијата Мајкл Оливер досуди мошне контроверзен пенал во последните секунди од судиското надополнување во корист на Реал, па Кристијано Роналдо со голот кој го постигна го одведе „Кралскиот клуб“ во полуфиналето иако во Мадрид загубија со 1:3.

Италијанците, очекувано, „грмат“ преку своите медиуми за односот и досудениот пенал во корист на „Кралскиот клуб“, но уште погласни од нив се каталонските медиуми.

„Спорт“, како медиум близок до Барселона, на своето онлајн издание ја откри „мистеријата“ за тоа зошто Оливер досудил таков пенал во корист на Реал Мадрид.

Имено, неговата сопруга Луси Оливер е голем љубител на главниот град на Шпанија, а сето тоа е поткрепено и со фотографии на социјалната мрежа Твитер, каде позира заедно со својот сопруг. Најголеми реакции сепак предизвика нејзината фотографија на „Сантијаго Бернабеу“, стадионот на Реал Мадрид, што беше доволно за навивачите на Јувентус да започнат нова лавина на теории на заговор.

Коронавирус