петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Касиљас застана во одбрана на Кариус

Касиљас застана во одбрана на Кариус

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас застана во одбрана на неговиот колега од Ливерпул Лорис Кариус, кој повторно се најде на удар на критиките заради неколкуте грешки на пријателскиот натпревар со Борусија Дортмунд на кој англискиот тим претпе пораз од 3:1.

– Овие напади врз Лорис Кариус треба да престанат. Ова се однесува за него, но и за многу други голмани. И тој е само човек како и сите ние, истакна 37-годишниот голман на Порто.

Претходно, голманот на Ливерпул беше критикуван и за грешките во финалето на Лигата на шампионите во кое англискиот тим беше поразен со 3:1 од Реал Мадрид. Поради тоа и самиот Кариус побара неумесните обвинувања да престанат, а доби поддршка и од тренерот Јирген Клоп.

Коронавирус