вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Касиљас го најави враќањето во Реал Мадрид!

Касиљас го најави враќањето во Реал Мадрид!

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас го напушти „кралскиот“ клуб во насока Порто пред точно пет години.

Таа разделба не беше многу пријатна. Касиљас не беше среќен, а навивачите не се смирија лесно со ситуацијата. Како и да е, голманот го продолжи својот втор живот во Порто, но како што се очекуваше, тој не го преболи клубот каде што порасна и направи име, за што сведочи и неодамнешната објава на Твитер.

Касиљас го најави враќањето во Реал, но тоа ќе биде во поинаква улога, откако го најави пензионирањето од активниот фудбал во февруари.

Со Реал, тој освои три Лига на шампиони, пет првенства и две Копа дел Реј, а како капитен ја водеше Шпанија до нејзините најголеми успеси, три големи титули од 2008 до 2012 година.

Коронавирус