вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 94
home Фудбал

Касиљас: Дефинитивно ќе ја завршам мојата кариера во Порто

Касиљас: Дефинитивно ќе ја завршам мојата кариера во Порто

Голманот на Порто и легенда на европскиот фудбал – Икер Касиљас, изјави дека ќе го обнови договорот со португалскиот тим до летото 2021 година.

„Откако пристигнав во Португалија, Пинто да Коста (претседателот на Порто) се однесува на прекрасен начин со мене. Оваа недела ќе го продолжам својот договор. По неговото завршување ќе бидам на 40 години. Дефинитивно ќе ја завршам кариерата во Порто, изјави Касиљас за „Ел Диа Деспуес“.

Касиљас го напушти Реал Мадрид во 2015-та година, за да премине на „Драгао“. Тој запиша 149 натпревари, во кои ја сочувал мрежата „сува“ во 71 случај. Во овој период Порто има освоено една титула на Португалија и еден Суперкуп на земјата.

Екипата ја елиминира Рома во осминафиналето на Лигата на шампионите, а следната пречка е Ливерпул.

Коронавирус