вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Касемиро: Реал силно сака да ја освои титулата

Касемиро: Реал силно сака да ја освои титулата

Јунакот на Реал Мадрид во синоќашната победа на гостувањето кај Еспањол (1:0), Касемиро му се заблагодари за асистенцијата на Бензема и порача дека неговиот тим силно го посакува трофејот во Ла Лига.

Бразилецот постигна гол откако по додавање со петицата од страна на Карим Бензема.

– Овој гол му припаѓа на Карим. Ние сме навикнати на нивото на кое тој игра. Морав да славам со него, бидејќи тоа е негова заслуга. Ги знаеме неговите способности и затоа ја добив топката – знаев дека може да ме најде, изјави Касемиро.

Ние сме фокусирани на самите нас. Средбата со Еспањол за нас веќе е во минатото. Сега размислуваме за Хетафе. Намерата ни е да победиме на секој натпревар. Имаме долг пат, но знаеме дека секоја средба е со тежина на финале. Ние сакаме да ја освоиме оваа лига, додаде бразилскиот фудбалер.