вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Фудбал

Касано: Роналдо не е ни меѓу петте најдобри во фудбалската историја

Касано: Роналдо не е ни меѓу петте најдобри во фудбалската историја
Foto IPP/Andrea Oldani Milano, 22/09/2019 Programma TV, Tiki Taka Nella foto, Antonio Cassano, ex calciatore italyphotopress world copyright Photo by Icon Sport - Antonio CASSANO - (Italie)

Антонио Касано продолжува со своите брутално искрени коментари на „Бобо ТВ“, а сега поранешниот италијански репрезентативец зборувал за Кристијано Роналдо.

Причина е изјавата на агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, дека токму Португалецот без конкуренција треба да го добие признанието „Златна топка“.

Касано не се сложува со ова, па дури и со фактот дека Роналдо е меѓу најдобрите во историјата.

– Доста со тие драми, Роналдо бил најдобар фудбалер во историјата?

– Според мене, тој не е ниту меѓу петте најдобри на сите времиња.

– Таму има место за Меси, Пеле, Марадона, Кројф и бразилскиот Роналдо, – изјавил Касано.