петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 126
home Фудбал

Карло Анчелоти објави каде ќе игра Еден Азар

Карло Анчелоти објави каде ќе игра Еден Азар

Од перспектива на вложеното и стекнатото, Еден Азар важи за најголемиот неуспех на Реал Мадрид во последните години.Белгиецот ги чинеше кралевите 115 милиони евра, но поради постојаните проблеми со повредите не успеа да го оправда епитетот на големо засилување.

Поради тоа што речиси и да не игра, често се шпекулира за можно заминување на Азар од Мадрид, а за тоа зборуваше и Карло Анчелоти пред натпреварот против Кадиз. Италијанецот изјави дека искусниот играч за врска ќе остане на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и во новата сезона ќе го носи дресот на Лос Бланкос.

Коронавирус