понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Кариус продолжува во свој стил: Погледнете каков гол успеа да прими вчера голманот на Ливерпул (ВИДЕО)

Кариус продолжува во свој стил: Погледнете каков гол успеа да прими вчера голманот на Ливерпул (ВИДЕО)

Кај фановите на Ливерпул се уште се свежи раните од финалето во Лигата на шампионите во мај оваа година, каде тие го изгубија трофејот од најелитното европско натпреварување.

Главен виновник според најголемиот дел од фудбалските фанови и познавачи беше голманот на англискиот тим,  Лорис Кариус, кој на Реал Мадрид им подари два евтини гола, кои на крајот се покажаа пресудни во победата на мадридскиот тим од 3:1.

А Кариус продолжува да им задава болки на фановите на Ливерпул и пред почетокот на новата сезона, каде според најавите тој повторно ќе биде изборот број еден на Клоп. Тој вчера на мечот со Транмере направи нов голем кикс и го прими првиот од двата гола кои Транмере му ги даде на Ливерпул.

Мечот заврши со победа од 3:2 за Ливерпул, кој претходно имаше предност од 3:0.

Коронавирус