петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Кардиф го урна клупскиот рекорд за трансфер, но авионот со кој Сала патуваше се изгуби од радарот

Кардиф го урна клупскиот рекорд за трансфер, но авионот со кој Сала патуваше се изгуби од радарот

Голгетерот од француски Нант, Емилијано Сала е голгетерот за кого Премиерлигашот Кардиф го урна клупскиот рекорд за трансфери, а за кого потроши 15 милиони фунти.

Сепак, се појави голема загриженост за 28 годишниот Аргентинец со италијански пасош, откако тој бил во авионот кој во моментов се води како исчезнат, поточно, се работи за приватен лет од Нант до Кардиф, Велс, за што веќе потврдија и од француската полиција.

Веќе е почната потрагата по овој авион кој исчезнал од радарот близу светилникот Каскетс, кој се наоѓа во центарот на еден остров на средина од патот од Франција до Велика Британија.

Местото од каде е загубена трагата од приватниот авион

Официјални лица од француската полиција во изјава за АФП потврдија дека веруваат дека Сала бил во тој авион кој може да пренесе до пет патници.

Во последната негова објава на социјалните мрежи, Сала се поздрави со неговите веќе довчерашни соиграчи од редовите на Нант.

 

Коронавирус