петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 104
home Фудбал

Карагер не верува дека Салах ќе се пресели во Реал

Карагер не верува дека Салах ќе се пресели во Реал

Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер проговори за информацијата дека напаѓачот на тимот, Мохамед Салах, сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Беше објавено дека 28-годишниот Египќанец им рекол на своите пријатели дека има намера да настапи во клубот од Мадрид.

– Салах има уште две и пол години според договорот со Ливерпул. Не ми се чини дека би било проблематично Реал да го купи. Тие потрошија многу пари на Азар кога тој беше на иста возраст. И Ливерпул би добил многу пари. Но, мислам дека времето за вакви трансфери веќе го нема, смета Карагер.

Во тековната сезона, фудбалерот има одиграно 21 натпревар, постигнувајќи 16 погодоци. Неговиот договор со Ливерпул трае до летото 2023 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Египќанецот на 120 милиони евра. 

Коронавирус