недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 65
home Фудбал

Карагер: Навивачите на Јунајтед да заборават за идејата дека ќе бидат шампиони со Роналдо

Карагер: Навивачите на Јунајтед да заборават за идејата дека ќе бидат шампиони со Роналдо

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека доаѓањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, нема да им биде доволен за титула.

Иако со неговото доаѓање во Манчестер, навивачите си ги загреваат шансите за потенцијална титула сезонава во Премиерлигата, но сепак, искуството на Карагер тврди дека тоа не е можно сезон ава.

„Искрено мислам дека доаѓањето на Кристијано е добро за Премиерлигата, подобро од она што е за самиот клуб. Мислам дека Солскјер ќе ги има истите проблеми како и минатата сезона“.

„Доколку треба да проценам дали Роналдо ќе им биде доволен за да ја освојат титулата во Премиерлигата, мојот одговор е не. Манчестер и понатаму е клуб со одлични индивидуалци, но тие и понатаму немаат колективен дух. Нема да се промени тоа ни со доаѓањето на Кристијано Роналдо“, истакна Карагер.

Освен Роналдо, во Јунајтед летоска беа донесени уште и Џејдон Санчо и Рафаел Варан, но сето тоа не изгледа уверливо за Карагер.

Локални избори 2021