недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 45
home Фудбал

Капитенот со капитенска изјава: Никогаш не било забавно како во овој состав

Капитенот со капитенска изјава: Никогаш не било забавно како во овој состав

Мануел Нојер како капитен го предводеше Баерн Минхен до својата шеста титула во историјата од Лигата на шампионите.

„Баварците“ со 1:0 славеа против ПСЖ и сосема заслужено, без ниту еден пораз или нерешен резултат во натпреварувањето, ја освоија Лигата на шампионите.

Нојер беше фантастичен меѓу стативите на вчерашниот натпревар во Лисабон, па токму затоа доби и низа пофалби од фудбалската јавност.

По крајот на натпреварот, во стилот на голем капитен тој не сакаше пофалбите да ги зема само за себе туку го пофали целиот тим посочувајќи дека ваква атмосфера немало во ниту еден тим на Баерн за кој настапувал.

– Ханси Флик има голем удел во ова. И тоа не само тој, туку и целиот тренерски тим. Ова навистина е тимски успех на сите нас- тренерите, тимот и нашиот медицински тим.

– Неверојатно е ова што го постигнавме заедно. Речиси никогаш не било толку забавно да се игра во еден тим како што сега е случај, а јас долго сум тука, -изјави Нојер.

Коронавирус