четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Капитенот на Украина се огласи: Еве што порача за натпреварот против Македонија

Капитенот на Украина се огласи: Еве што порача за натпреварот против Македонија

Репрезентацијата на Украина загуби од Холандија во првото коло од групата Ц на ЕУРО 2020 со 3-2.

Украинците одиграа добар натпревар и иако на половина час пред крајот сите мислеа дека Холандија убедливо же триумфира, тие успеаја да анулираат водство од 2-0 на домаќинот и да се вратат во игра, во која за жал не издржаа докрај.

Следниот натпревар Украина го игра со македонската репрезентација и во пресрет на мечот во кој ќе се сретнат двете поразени репрезентации во првото коло, капитенот на Украина, Андреј Јермоленко за мечот со Македонија најавува победа на неговата репрезентација.

-Потребен ни е добар натпревар. Стручниот штаб ќе избере вистинската тактика, ќе ја анализира Македонија и ќе ни ги посочи грешките. Ќе се подготвиме, знаеме дека мораме да победиме за да ја минеме групата, истакна Андриј Јермоленко.

Коронавирус