вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Капитенот на Ливерпул ќе заврши во Арсенал?

Капитенот на Ливерпул ќе заврши во Арсенал?

Сензационален трансфер е на повидок на „Островот“ откако Џордан Хендерсон и Ливерпул не успеале да најдат заеднички јазик за нов и побогат договор со што капитенот на „црвените“ се наоѓа пред излезните врати на „Енфилд“ и се очекува да заврши во Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Играчот од средниот ред кој е дел од Ливерпул од 2011 година кога за 18 милиони евра пристигна од Саутемптон влегува во последните две години од својот договор, а за 31-годишникот клубот не е подготвен да издвои дополнителни средства.

Целата ситуација ќе се обиде да ја искористи Арсенал кој полека, но сигурно составува тим кој во иднина треба да ја врати славата на клубот. „Топџиите“ се во потрага по играч за врска, а искусниот Хендерсон сега е прва трансфер цел на Микел Артета.

Коронавирус