петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Фудбал

Капитенот на Фиорентина можел да биде спасен: Целосен пресврт во случајот со смртта на Астори

Капитенот на Фиорентина можел да биде спасен: Целосен пресврт во случајот со смртта на Астори

Поминаа три месеци од трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори. Информациите беа дека тој починал во сон, а раните кои се уште се премногу свежи ги отвора нов пресврт во случај.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ утрово ја објави експертизата за смртта на 31 годишниот фудбалер, кој почина во хотелска соба во Удине, доставена од професорите Карло Мореши и Гаетано Тиен.

Во извештајот се споменува дека станува збор за тахикардија, што е ненадејно забрзување на срцевите отчукувања што довело до фатални удари кај спортистот, за кој првично се мислеше дека починал од брадиаритмија.

Оваа теза целосно го менува овој случај уште од почетокот. Во извештајот се објаснува дека тоа може да биде првата насилна епизода на болест која никогаш претходно не се манифестирала. Прв и последен симптом на болеста на италијанскиот дефанзивец, кој можеби и имало шанси да биде спасен доколку во собата не бил сам, т.е. доколку имало некој кој би повикал име.

-Не можам да предвидам ништо, претпазливо изјави обвинителот кој го води овој случај, Антонио Ди Николо од Удине.

Тој кажа и дека одредени работи се повторно отворени и дека неговите колеги работат на тие документи.

-Наскоро ќе видиме дали ќе го затвориме случајот или ќе продолжиме.

Новите информации целосно прават пресврт во случајот со смртта на капитенот на Фиорентина.

Коронавирус