сабота, 17. април 2021. Вести денес: 15
home Фудбал

Капитенот на Астон Вила казнет за предизвикување сообраќајна несреќа

Капитенот на Астон Вила казнет за предизвикување сообраќајна несреќа

Судот во Лондон му ја одзеде возачката дозвола и му изрече парична казна во износ од 100.000 евра на капитенот на премиерлигашот Астон Вила и член на англиската репрезентација Џек Грилиш поради предизвикување сообраќајна несреќа во март годинава, јавија денеска британските медиуми.

Англискиот репрезентативец ја предизвика несреќата кога, во време на воведениот карантин во земјата, удри во три паркирани возила, а потоа се заби во ѕид со својот „Ренџ Ровер“ на враќање од приватна забава

Несреќата се случи неполни 24 часа, откако Грилиш, тогаш, ги повика британските граѓани да ги почитуваат правилата воведени поради коронавирусот и да останат во своите домови.

Грилиш го напушти местото на несреќата пред да пристигне полицијата, поради што не му беше извршен алкотест, но очевидци изјавија во истрагата дека фудбалерот бил во видно алкохолизирана состојба.

Грилиш во Астон Вила има неделна плата од 150.000 евра. (МИА)

Коронавирус