петок, 4. декември 2020. Вести денес: 139
home Фудбал

Капело: Сити и Јувентус се фаворити за освојување на ЛШ

Капело: Сити и Јувентус се фаворити за освојување на ЛШ

Легендарниот тренер Фабио Капело смета дека Манчестер Сити и Јувентус се тимовите со најголеми шанси да ја освојат Лигата на Шампионите.

„Граѓаните“ го загубија првиот четвртфинален судир против Тотенхем (0:1), а Јуве одигра 1:1 како гостин на Ајакс, но Италијанецот смета дека двата тима ќе продолжат напред, а победникот од полуфиналето помеѓу нив ќе го крене трофејот.

– Од самиот почеток, го сметам Манчестер Сити за фаворит. Но, факт е дека во важните натпревари на турнирот тимот не игра на начинот на кој го прави тоа во Англија. Јувентус е исто така многу силен, но мора да мисли на Ајакс. Холанѓаните не се плашат од ниту еден ривал и го докажаа тоа во првиот натпревар во Амстердам, како и против Реал Мадрид во осминафиналето, изјави Капело.

Седумдесет и две-годишниот стратег ги прокоментира и проблемите на еден од поранешните клубови – Реал Мадрид.

– Отсекогаш сумвелел дека натпреварите на Барселона и Реал почнуваат со 1:0 во нивна корист. За да ги победите, треба да постигнете најмалку два гола. Сега Реал е во криза и нивните натпревари почнуваат од 0:0. Претходно дефанзивците на другите тимови чувствуваа страв, бидејќи во Реал беше Кристијано Роналдо, но веќе е различно, посочи Италијанецот, кој ја освои два пати Ла Лига со кралскиот клуб.

Коронавирус