среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 157
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Капело: Роналдо е ослободен од одбраната и не се враќа, современите тимови не работат така

Капело: Роналдо е ослободен од одбраната и не се враќа, современите тимови не работат така

Поранешниот тренер на Јувентус, Милан и Реал, Фабио Капело, проговори за причините за неуспешниот настап на италијанските клубови сезонава во Лигата на шампионите.

– Роналдо е многу добар, но тој е ослободен од дефанзивната игра и не се враќа. Не се работи така во современите тимови, сите играчи трчаат назад по загубена топка. Фудбалот не е само враќање на топката на голманот. Ова е она што води кон напаѓачки, брз и агресивен фудбал. Ова, сепак, бара вештина и карактер и ресурси. Најдобрите играчи заминаа во Англија и Германија. Резултатот е јасен, рече Капело.

За прв пат од 2016 година, ниту еден италијански клуб не се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Јувентус во осминафиналето е исфрлен од Порто, Аталанта од Реал, додека Лацио е елиминиран од Баерн Минхен. Интер го зазеде последното место во својата група и не стигна ниту до првата рунда од елиминациската фаза.

Коронавирус