четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 158
home Фудбал

Капело: Интер ја освои шампионската титула

Капело: Интер ја освои шампионската титула

Легендарниот италијански фудбалски стратег Фабио Капело оцени денеска дека трката за шампионската титула во Серија А веќе е завршена, честитајќи и на екипата на Интер за освоеното „скудето“.

-Веќе со недели зборувам дела Интер ја освои шампионската титула. Тоа го говорам откако Милан го загуби натпреварот против Специја и денеска тоа повторно го потврдувам, изјави Капело во разговор за „Скај Спорт Италија“.

Интер, кој последната шампионска титула во Италија ја освои во 2010 година, на 11 кола до кракот на првенството има 65 бодови, девет повеќе од градскиот ривал Милан, додека актуелниот првак Јувентус е третопласиран со заостанување од десет бодови.

-Според мое мислење, Јувентус е покомплетен тим од Интер и поради тоа мораме да му честитаме на Антонио Конте, додаде Капело. (МИА)

Коронавирус