недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 95
home Фудбал

Канте ќе го пропушти полуфиналето на ФА Купот против Манчестер јунајтед

Канте ќе го пропушти полуфиналето на ФА Купот против Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, ќе го пропушти полуфиналниот меч од ФА Купот против Манчестер јунајтед, соопшти тренерот на „сините“, Френк Лампард.

– Во нашиот состав немаме проблеми со исклучок на Канте кој ќе го пропушти натпреварот. Тој сè уште не се опорави од повредата, па сè уште не може да игра. Имаме уште неколку играчи со ситни повреди. Го следиме нивниот статус и за еден ден ќе решиме кој од нив е подготвен да учествува на натпреварот, изјави Лампард.

Во сезоната 2019/20, Канте одигра 27 натпревари за Челзи и постигна три гола. 29-годишниот Французин поради повреда ги пропушти последните три натпревари на „сините“.

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Челзи ќе се одржи в недела, на 19 јули со почеток во 19 часот.

Коронавирус