понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 108
home Фудбал

Кандрева: Елиминацијата боли и ова е големо разочарување за навивачите

Фудбалерот на Интер, Антонио Кандрева е многу разочаран по поразот од Милан (1:0) синоќа во четвртфиналето од Купот на Италија.
Кандрева: Елиминацијата боли и ова е големо разочарување за навивачите

– Елиминацијата боли. Имавме шанса да победиме, но ни недостасуваше малку среќа. Ова е големо разочарување за навивачите, изјави Кандрева.

Ова за Интер беше трет последователен пораз.

– Губиме иако играме добро. Не ги користиме нашите шанси и тоа не чини скапо. Сега треба да се фокусираме на средбата со Лацио која е  многу важна за нас, рече Кандрева.

Коронавирус