сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 1
home Фудбал

Каменица Саса е освојувач на Купот на Македонија за жени

Каменица Саса е освојувач на Купот на Македонија за жени

Eкипата на Каменица Саса успеа да го подигне трофејот од Купот на Македонија по одличната игра и убедливо издвојуваната победа против Асс Јунајтед.

Женското финале од Купот на Македонија се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Каменица Саса забележа убедлива победа со 4:0.

Антонина Шопска го отвори резултатот на денешната средба во 7. минута. На 2:0 зголеми Ленче Андреевска во 23. минута од средбата. Истиот играч погоди на почетокот на второто полувреме за предност на Каменица Саса од 3:0. Конечните 4:0 ги постави интернационалката Чик Пејтон Тејлор во 71. минута од мечот.

Коронавирус