вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 36
home Фудбал

Калараш останува уште две сезони во Вардар: Му се исполни желбата да се врати во Скопје

Калараш останува уште две сезони во Вардар: Му се исполни желбата да се врати во Скопје

Рускиот интернационалец Глеб Калараш останува член на европскиот шампион Вардар и во наредните две сезони.

Калараш претходно замина во Украина, но покажа желба да се врати во редовите на „црвено-црните“.

Рускиот ракометар уште минатата недела пристигна во Скопје, а откако беа завршени формалностите, тој почна да тренира заедно со Столе Стоилов за враќање на теренот, додека останатите соиграчи се на Супер Глоуб во Дамам.

Калараш беше дел од екипата која ја освои титулата на Ф4-турнирот во Келн, а неговата главна задача беше во одбраната.

„Калараш и понатаму ќе биде дел од Вардар. Неговата желба да се врати во Скопје се исполни, а во клубот сме пресреќни што може повторно да сметаме на неговите услуги. Со неговото враќање ќе добиеме многу во одбраната со оглед на неговите квалитети, кои ги покажа лани на многу натпревари“, кажа извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.

Коронавирус