понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Какви малери: Победиле во сите 27 меча сезонава, а на крај ќе останат без титула!

Какви малери: Победиле во сите 27 меча сезонава, а на крај ќе останат без титула!

Ливерпул има 25 бодови предност во Премиерлигата пред ривалите, но на крајот би можел да остане без шампионската титула според дел од медиумите. Пандемијата направи голем хаос во спортскиот свет, но очигледно има поголеми губитници од европскиот шампион.

Станува збор за нисколигашот Џерси Булс. Фудбалската асоцијација на Англија пред неколку дена донесе одлука да се поништат сите сезони во послабите лиги и тоа значи нема да има испаѓања, ниту промоции, па совршената сезона на Џерси беше залудна. Тие оствариле 27 победи во исто толку одиграни натпревари, но нивните резултати нема да имаат значење.

„Тешко е да се прифати тоа. Фудбалот сега треба да запре поради пандемијата. Здравјето и безбедноста се на прво место. Но без оглед на тоа, многу напор беше вложен и се чувствуваме како да сме играле цела сезона залудно“, кажа заменик капитенот на клубот, Лук Кембел.

Џерси имаа 20 бода повеќе пред ривалите и се блиску до промоција и титулата, но и покрај тоа нема да ја добијат.

Коронавирус