понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Каква лудорија: Дибала го чека затворска казна од две години!

Каква лудорија: Дибала го чека затворска казна од две години!

Дибала, но не Пауло кој игра за екипата на Јувентус, туку неговиот брат – Густаво најверојатно ќе заврши во затвор.

Густаво Дибала се најде под истрага од полицијата во Аргентина, откако тој, заедно со својата девојка не ја испочитуваа наредбата да останат во карантин.

Имено, при враќањето од Италија, каде беа во посета на Пауло Дибала, мораа да го минат задолжителниот карантин од 14 дена, но оваа наредба не ја сфатија сериозно, ставајќи ги во опасност сите оние кои биле во нивна близина, а за секој прекршок следува казна.

Според политиката на аргентинската влада, казната за такво дело е помеѓу шест месеци и две години затвор.

Покрај тоа, уште повознемирувачко е тоа што само неколку дена по нивното заминување беше коснтатирано дека Пауло Дибала е заразен со коронавирус.

Коронавирус