четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

„Каква Болоња, Ибрахимовиќ потпиша за Тиквеш“ (ФОТО)

„Каква Болоња, Ибрахимовиќ потпиша за Тиквеш“ (ФОТО)

Се почести се шпекулациите околу новиот клуб на еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Златан Ибрахиновиќ.

Швеѓанецот пред неколку дена и официјално ја заврши авантурата во МЛС лигата, каде ги бранеше боите на Лос Анџелес Галакси. По заминувањето од САД, неколку гиганти се пуштија во „војна“ по потписот на Ибрахимовиќ, меѓу кои и Милан и Манчестер Јунајтед.

Но, овој пат пристигна комична објава од страна на Фејсбук – профилот „Сеоски фудбал“, каде се пошегуваа дека Ибракадабра веќе потпишал за македонскиот вротолигаш Тиквеш.

Каква Болоња, Златан потпиша за Тиквеш, а листот на грбот објаснува од каде им се парите, се пошегуваа на Фејсбук.